За УПОЗ неприфатлив предлогот за намалување на платите во јавната администрација

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска преку соопштение информираше дека за нив е неприфатлив предлогот на СДСМ на вработените во јавната администрација во следните два месеца да им биде намалена платата и да земаат минимална плата.

– Синдикатот на УПОЗ смета дека предложената мерка во делот на платите е дискриминаторска, бидејќи јавната администрација и јавниот сектор се ставаат во понеповолна положба во однос на другите вработени. Предложената мерка за исплаќање на минимална плата за месеците април и мај за јавната администрација сметаме дека не е добро осмислена и таа остава само привид на некаква лажна солидарност. Доколку Владата го прифати овој предлог, значително ќе биде загрозена егзистенцијата на илјадници вработени во јавната администрација чии плати и онака се под просечната плата во државата, посочуваат од УПОЗ.

Според УПОЗ, има поприфатливи решенија со кои и јавната администрација ќе покаже солидарност во овие моменти кога државата се справува со коронавирусот.

– Со оглед на тоа што над 75 проценти од јавната администрација имаат плати пониски од државниот просек и во нормални услови едвај преживуваат, Синдикатот на УПОЗ предлага да не се задира во ниту една плата која е под републичкиот просек. Синдикатот на УПОЗ укажува дека при донесување на одлуката, Владата мора да има во предвид и некои други показатели, дека со исплата на минималната плата особено ќе бидат погодени самохраните родители, родителите на деца со посебни потреби, вработените кои живат под кирија и оние кои се единствени вработени во нивните семејства, наведува Синдикатот на УПОЗ.

За УПОЗ, предлогот е неприфатлив и со оглед на тоа што Царинската управа, Управата за јавни приходи, инспекциските служби, пожарникарите, судовите и судската полиција работат од дома со полно работно време и секојдневно се на терен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Наставниците следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата

Горан Наумовски

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on