(ВИДЕО) Ѓеорѓиевски: Да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Македонија

Од:

„Корона вирусот удри по здравјето, но удри и по економијата. Огромни се штетите на македонските компании.

Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра. Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство“, изјави Орце Ѓеорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија.

Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи.

Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси. Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија“, рече Орце Ѓеорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО