ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да прибегнува кон наједноставното и најболно решение, да се удри по џебот на најсиромашните

Од:

„Здравјето на граѓаните нема цена и властите мора да вложат максимални напори за да го спречат ширењето на епидемијата и последиците од неа.

Државата мора да ги ангажира сите капацитети за да ги санира здравствените и економските штети од заразата.

Зоран Заев не смее да прибегнува кон наједноставното и најболно решение, а тоа е да се удри по џебот на најсиромашните. Намалувањето на платите на работниците и сведувањето на целата администрација на минималец ќе значи дека едно четиричлено семејство кое и досега едвај врзувало крај со крај и не успеало да заштеди средства, сега нема да може ниту да се прехрани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бpoјот на зaбoлeни од кopoнавирусот во Република Македонија постојано се зголемува, веќе имаме и прва жртва, а владата се занимава само со бркање политички поени преку празни прес конференции на кои не се нуди никаков излез или решение.

ВМРО-ДПМНЕ и подава рака на власта, Македонија мора да излезе како победник во оваа најважна битка. Постои опасност дека сериозните слабости во системот ќе бидат потенцирани и токму поради оваа прчина мора брзо и ефикасно да се делува, бидејќи од реакцијата на институциите зависат животите на нашите граѓани.

Здравствените работници се на првата линија на огнот, на нив им е потребна најголема заштита бидејќи доколку колабира здравствениот систем, постои опасност од италијанско сценарио во Македонија.

Времетраењето на полицискиот час мора да се продолжи, најмалку од 18 часот за да се воведе ред.

Мора да се зголеми капацитетот за тестирање на граѓаните за присуство на новиот коронавирус. препораките на СЗО за државите се токму во оваа насока, тестирај, тестирај, тестирај.

Постои сериозна опасност од катастрофални економски последици како резултат на коронавирусот. македонската економија се движи на опасна територија, ниту еден македонски граѓани не смее да остане без приход. Борбата допрва ни претстои“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски