Нови два случаи со коронавирус во Косово, вкупно 33 заразени

Од:

Два нови случаи на лица носители на вирусот Ковид-19 се регистрирани денеска во Косово, со што официјалната бројка на заразени во земјата се искачи на 33.

Според вечерашното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово, од вкупно десетмината тестирани денеска во неговата лабораторија за молекуларна микробиологија, позитивни на макровирусот резултирале 50-годишна жена од селото Врапчиќ во општина Гњилане и 53-годишен маж од селото Доманек во општина Малишево.

ИШПК објави и дека, од 8 февруари, заклучно со денешниот ден, во неговата лабораторија, со соодветните методи, се испитани примероците на вкупно 577 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од вирусот Ковид-19, од кои позитивни резултирале 33 случаи.

Како што беше претходно објавено, во Косово претпладнево беше регистриран и првиот смртен случај како последица на коронавирусот. Станува збор за 82-годишен маж од селото Думница, општина Гњилане, кој бил примен во Инфективната клиника во Приштина на 16 март, на шестиот ден од болеста. Старецот боледувал и од хорнични кардиоваскуларни болести, а бил заразен од контакт со неговиот син и ќерка кои се позитивни на вируост.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица