Прв смртен случај на лекар во Франција

Од:

Министерот за здравство Оливие Веран за време на Гранд-жирито РТЛ-ЛЦИ-Ле Фигаро соопшти дека е регистриран првиот смртен на случај на болнички лекар заразен со вирусот, јави дописникот на МИА.

Според него, ова е прв ваков случај. Министерот не го прецизираше регионот каде работел овој лекар, „од почит кон медицинската доверливост и кон семејството“.

Според Франс 3, жртвата е лекар за итни случаи од Компиењ, во Оаз, едно од првите жаришта што се најпогодени во Франција, а починал по неговото пренесување во Лил.

Франција е можно да ги продолжи мерките за останување дома на четири недели, во текот на утрешниот ден ќе се знае одлуката на групата на експерти.

Инаку по критиките за малиот број на тестови во Франција, министерот за здравство најави дека ќе се вршат повеќе тестови, бидејќи досега биле екипирани само 50 лаборатории, кои вршеле 5.000 тестови дневно. Целта е да се опремат 120 лаборатории.

Француското национално Собрание во текот на ноќта даде зелено светло за воведување вонредна санитарна состојба во земјата, но постојат несогласувања со Сенатот.

Во Франција во последниве 24 часа беа регистрирани 112 нови смртни случаи, со што бројот достигна 562, наспроти 450 во петокот. Во моментов 6.172 лица се наоѓаат на болничко лекување од кои 1.525 се на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата