Официјално потврден првиот смртен случај на заразен од коронавирус во Косово

Од:

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) потврди дека денеска на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово почина 82-годишен маж од општина Подујево, кој е првата жртва на коронавирусот во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според косовските медиуми, починатиот е татко на едно од првите лица во Косово кои беа дијагностифицирани со смртоносниот Ковид-19. Присуството на вирусот кај синот беше откриен на 15 март, неколку дена откако се вратил од Италија.

ИШПК информира дека старецот, кој починал утрово во 9 часот, бил примен на клиника на 16 март и страдал и од хронични кардиоваскуларни болести.

– Пациентот роден 1938 година во село Думница, општина Подујево, е примен на 16 февруари 2020, на шетиот ден од болеста. (…) Лицето било заразено од контакт со неговиот син и ќерка кои се позитивни, се вели во соопштението.

ИШПК објави и дека, од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, во неговата лабораторија за молекуларна микробилогоја, со соодветните методи, се испитани примероците на вкупно 567 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од вирусот Ковид-19, а само вчера се извршени 150 тестирања.

Во текот на вчерашниот ден се откриени седум нови случаи, со што официјалната бројка на заразени од коронавирусот во Косово се искачи на 31.

Здравствените власти во земјата најавија дека разгледуваат нови мерки за спречување на ширењето на заразата.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица