ЕУ додели на Косово пет милиони евра помош за борба против коронавирусот

Од:

Канцеларијата на Европската унија во Косово обезбеди помош од пет милиони евра за Косово за борбата против епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролката на Канцеларијата, Динка Живаљ изјави за „Коха.нет“ дека целта на ЕУ е да помогне во здравствената заштита на населението на Косово, но и на домашната економија, со цел да се ублажи кризата предизвикана од пандемијата.

– ЕУ секогаш била покрај народот на Косово, во добри и во кризни времиња. Работиме и со меѓународните организации за да му помогнеме на Косово и ќе доделиме пет милиони евра за борба против ширењето на Ковид-19, изјави Живаљ.

Споед информaциите што ги достави до приштинскиот портал, Мисијата на ЕУ во Косово од 2014 година до денес ја има помогнато земјата со 542,9 милиони евра, вклучително околу 90 милиони предвидени како поддршка за проекти во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица