Филипче: Дел граѓани не ја почитуваат изолацијата, ќе следат поригорозни мерки

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека мерките за изолација од страна на голем број граѓани не се почитуваат, и покрај сите препораки да не се излегува од домовите, освен ако не е нужно и да нема собирање во поголеми групи.

Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.

-Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостриме, бидејќи тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат, вели тој.

Комисијата за заразни болести утрово веќе дала предлог препораки во однос на засилување на мерките и истите попладневно треба да бидат разгледани на владина седница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски