Прва реконструкција на дојка со ткиво од абдомен на Клиниката за пластична хирургија

Од:

Првпат во Македонија нов современ метод почна да се применува при интервенции на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Извршена е интервенција од онкопластичен хирург од Њујорк, Џун Ли која заедно со македонски доктори од Клиниката изведе реконструкција на дојка со протеза и липофилинг (исполнување со масно ткиво) на дојката со масно ткиво од абдоменот на пациентката.

Станува збор за вшмукување на масно ткиво, масните клетки се вадат и со нов шприц се внесуваат во местото кое е длабнатина и со метода на липофилинг се пополнува.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција во Клиниката рече дека Џун Ли изминативе две недели престојува во Македонија во рамки на проектот за подигнување на нивото на квалитетот на здравствените услуги во државата преку трансфер на знаења и вештини од страна на доктори од реномирани болници од САД.

– Во рамки на проектот и во рамки на нејзиниот престој во Македонија таа работеше со македонските доктори и изведоа повеќе операции на кои асистираа македонските доктори и на тој начин се вршење трансфер на знаења и вештини. Ова е еден одличен чекор напред во овој сегмент на онкопластиката кој ја вбројува Македонија во земјите каде се изведуваат ваков тип интервенции. Околу 19 доктори од Клиниката се обучени за најразлични интервенции, посочи Тодоров.

Директорката на Клиниката, Смиља Туџарова го поздрави проектот на Владата и на Министерството кои, како што рече, се обидуваат да помогнат во едукацијата на докторите.

– На Клиниката дојдоа пластични хирурзи од Градската општа болница и успеавме малите тајни на хирурзите да ги видиме и примениме. Направени беа интервенции кај пет пациентки, истакна Туџарова.

Посочи дека при интервенција во која учествувала и доктор Џун Ли, кај девојче без една града била поставена силиконска протеза и минималната нееднаквост која постоела била корегирана со земање липосукција на масни клетки и кои со методата на липофилинг се поставени.

– Се доби прекрасна симетричност и голема сатисфакција за пациентката. Кај многу мали гради можеме само липофилинг техника да употребиме. Кај другите пациентки кои беа оперирани исто така им беа поставени силиконски протези. Кај една беше направена и еднострано отстранување на другата дојка која спаѓаше во група пациентки со ризик да и се појави карцином на другата града. По интервенцијата пациентката беше среќна, појасни Туџарова.

Таа нагласи дека не се лимитираат само на една интервенција.

Доктор Џун Ли рече дека и претставува задоволство што имала чест да работи на Клиниката.

– Не само што се обучени докторите, туку се и многу поврзани со пациентите и одлично се грижат за нив. Би сакала пак да дојдат во наредниот период, посочи Џун Ли.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство