(ВИДЕО) Објавени инсерти од болницата во Бергамо каде се борат да спасат што е можно повеќе животи

Од:

Болницата на папата Јован XXII во Бергамо е најтешко погодена здравствена установа од пандемијата со новиот коронавирус, а на видеото на Скај њуз од таа болница се прикажани застрашувачки сцени – ходници исполнети со болнички кревети со пациенти и медицински персонал, во постојано брзање облечени со маски, ракавици и заштитни костуми.

Снимките на Скај њуз покажуваат дека се е полно со луѓе заразени со вирусот, вклучително и простории за чекање.

Бергамо се наоѓа во северна Италија, во провинцијата Ломбардија, која е најтешко погодената област во земјата. Бројот на починати е над 2.550. Бројот на новопристигнати пациенти не опаѓа, а истото се случува и низ северна Италија.

Во прилогот се наведува дека персоналот работи без престан за да се обиде да спаси што е можно повеќе луѓе. Тие се собираат околу новопристигнатите пациенти за да им постават монитори за мерење на отчукувањата на срцето, инфузија и што е најважно, респиратори, без кои пациентите не можат да преживеат.

Главната болница во Бергамо досега ги одбиваше медиумите, но тие одлучија дека е неопходно целиот свет да види со што се соочуваат.

Тие сакаат да ги охрабрат народите и властите насекаде да направат нешто. Тие велат дека Италија е фатена на препад, но ова не може да биде случај со остатокот од светот.
Лекарите од Бергамо велат дека Ковид-19 не влијае на телото исто како и грипот, туку повеќе како пневмонија од која секојдневно луѓе губат живот.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале