Се заоструваат мерките против излегувањето од дома во Франција

Од:

Француските власти ги заоструваат мерките за самоизолација, па така, изречени се и првите мерки на притвор поради „загрозување на животот на другите“, јави дописникот на МИА.

Лицата кои веќе се казнети за непочитување на правилата на самоизолација се ставени во полициски притвор поради „загрозување на животот на другите“, на повеќе места во Франција, како Пас-де-Кале и Сена-Сен Дени.

Така, едно лице било ставено во полициски притвор во Пас-де-Кале за „загрозување на другите со намерно кршење на мерките за спречување и ограничување на последиците од здравствените закани по здравјето“. Тој бил еден од групата од пет лица кои пиеле алкохол на улиците. Тој веќе беше казнет за немање потврда да се движи. Другите четворица побегнале.

Во Сена Сен Дени во меѓувреме се регистрирани, петнаесетина мерки на полициски притвор од истата причина. Кривичното дело „загрозување на животот на другите“ се казнува со една година затвор и парична казна од 15.000 евра.

Во повеќе градови во Франција, властите одличја да ги затворат парковите, за да се избегнат излегувањата и на оние кои трчаат (џогираат), кои се доста бројни и покрај забраната за движење.

Во Ница, градските власти инвестираа во дрон со звучник, кој го надлетува шеталиштето на Англичаните и им наредува на минувачите да останат дома, за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Истовремено повеќе плажи на Азурниот брег, Атлантикот и Северното Море се официјално затворени.

Напладне префектурата од Париз издаде предупредување дека се засилени контролите на железничките станици, со потсетување дека заминувањето на одмор не се дел и не се покриени со потврдата со која се одобрува излегување од дома.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата