Прес конференциите на словенечката Влада од денеска без новинари

Од:

Словенечката Влада одлучи прес конференциите од денеска да се одржуваат без физичка присутност на новинарите, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Целта, според владината прес служба, е да се намалат шансите за ширење на коронавирусот.

Според одликата, неколку пати дневно владините претставници ќе имаат обраќање од прес центарот на Владата со директен пренос на државната Телевизија Словенија, а таа на сите други медиуми ќе треба бесплатно да им ги стави на располагање целиот аудио и видео сервис.

Новинарите сите прашање ќе можат да ги поставуваат по електронска пошта.

Ваквиот начин за комуникација со јавноста ќе се применува додека за тоа има потреба, објаснија од Владата.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски