САС на МПЦ: Сега е време, не за паника, туку за одговорност и кон себеси и кон ближните

Од:

Сега е време, не за паника, туку за одговорност и кон себеси и кон ближните, устројувајќи го своето семејство во домашна црква. Во овие великопосни денови, во молитвите особено сме со заболените во инфективните одделенија, со здравствените работници, болничкиот персонал и со сите оние кои саможртвено се борат за надвладување на пандемијата, соопшти Канцеларијата на Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

САС на МПЦ повторно апелира да се почитуваат мерките кои ги донесе Владата, особено тие што се однесуваат на јавните собири, повиците за самоизолација, како и сите други активни мерки од Министерството за здравство и од центрите за јавно здравје.

Рестриктивните мерки во однос на богослужбениот циклус, како што се посочува, треба да бидат усогласени во духот на овие владини вонредни мерки, а секој епархиски архијереј да ги усогласи соодветно на реалната ситуација во неговата епархија, во духот на совесноста, просветлението, трезвеноумието и сопствената одговорност. Од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА ги повикуваат сите верни чеда на МПЦ-ОА, во татковината и во дијаспората, стриктно да ги запазат мерките за ограничување на заразата, наложени од државните власти.

– Да бидеме внимателни и одговорни! Божјиот благослов да биде со сите нас, стои во соопштението од Канцеларијата на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеписка архиепископија.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски