Гувернерот на Калифорнија со наредба жителите да останат во своите домови

Од:

Гувернерот на сојузната американска држава Калифорнија Гевин Њусом издаде наредба сите жители да останат во своите домови, додека државата со 40 милиони граѓани, се справува со ситуацијата со коронавирусот.

Во Калифорнија досега се заразени најмалку 1000 лица, од кои 19 починаа. Њусом претходно предупреди дека според проценките, околу 56 отсто од населението во Калифорнија може да се зарази со Ковид-19, што значи близу 25 и пол милиони луѓе.

Наредбата на гувернерот претставува прва обврзувачка рестрикција ширум една сојузна држава,

Согласно рестрикциите на движење, на жителите на Калифорнија им се дозволува да одат до бензинска пумпа, продавница за храна, банка или за преземање достава на храна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви