(ВИДЕО) Трипуновски: Штитејќи го нашето здравје го штитиме секого околу нас

Од:

„Почитувајте ги мерките, да ја заштитиме Република Македонија. Да не дозволуваме да претрпиме преголеми штети. Штитејќи го нашето здравје го штитиме секого околу нас. Да ја одбраниме Македонија.

Државите ги затвораат границите, бизнисите се соочуваат со потешкотии. Во овие моменти, Македонија мора да интервенира и да го помогне бизнисот, особено земјоделството. Граѓаните не смеат да останат на цедило. Потребен ни е стабилен бизнис сектор и земјоделството.

Најважно е во овие моменти да останете присебни, да ги почитувате препораките на Светската Здравствена Организација и на лекарите. Опасноста е голема, но решението лесно, бидете дисциплинирани и одговорни. Македонија поминала поголеми предизвици, ќе го помине и овој.

Македонија ќе успее. Сите ќе успееме. Оваа криза наскоро ќе биде само уште една страница во историјата. Да ја направиме Македонија горда. Затоа што секој живот вреди“, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вирусите и болестите не познаваат граници. Но, безгранично е и човечкото во нас. И тоа до сега се покажало посилно од се’, од секој предизвик пред кој што сме се нашле.

Македонија ја зафати светската пандемија. Корона вирусот длабоко навлезе и кај нас. Секој од нас, секој од вас е потенцијален преносител и пациент.

Докторите и медицинскиот персонал се први во борбата со предизвикот. Помогнете ни, за да им помогнеме на оние кои веќе страдаат. Прекинете го ланецот на ширење на вирусот. Никој не знае кој е следен преносител, кој е следен заразен.

Не собирајте се, избегнувајте блиски контакти. Заштитете се себе и тие околу вас, вашето семејство, повозрасните и децата. Знам, тешко е, многу е тешко.

Ние сме срдечен народ, дури и зависни од споделување допири, поздравување, гушкање, заеднички моменти. Но, сега е време кога сите ние мора да ги почитуваме препораките, за момент физички да се оддалечиме на два метри. Тоа не мора да значи дека психички не можеме да останеме заедно. Што помалку излегување, што помалку непосредна директна комуникација. Изолирајте се дома. Доколку чувствувате тегоби, јавете се на дежурните телефонски линии.

И ова ќе помине ако сите заеднички ги почитуваме препораките. И ова е еден заеднички момент, на кој што во иднина заеднички ќе се сеќаваме. Да го минеме со што помалку загрозени пациенти. Затоа што секој живот вреди“, изјави Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски