Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, призна за вкупно десет случаи на заболени од коронавирус во италијанскиот клуб.
– Ситуацијата се влошува. Клубот има десет болни лица. Тројца од штабот се примени во болница, рече Комисо за „Скај Италија“.
Патрик Кутроне, Аргентинецот Херман Пакела и Србинот Душан Влаховиќ се играчите кои се болни со КОВИД-19.
Нивната состојба е позната уште од минатата недела.
Тогаш за нив беше кажано дека се лекуваат дома.
Клубот од Тоскана е еден од најтешко погодените од пандемијата во Италија досега.
Бреша, исто така, во четвртокот потврди дека двајца членови на италијанскиот клуб страдаат од коронавирус.