Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе се вратат посилни по завршување на пандемијата на коронавирусот.
– Ќе се вратиме посилни од претходно, рече Трамп.
Тој истакна дека е потребно да се отстранат непотребните бирократски бариери и процедури за забрзување на процесот за пронаоѓање вакцина против коронавирусот.
Трамп потсети дека во САД во тек е експеримент на тој план.
Бројот на заразени од коронавирусот во САД достигна 10.000 лица.