Бесими-Лалакос: Евроинтеграциите важен процес

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Харис Лалакос.

Целта на состанокот, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), беше да се разменат мислења и да се даде осврт на преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес, како и во делот на унапредување на добрососедските односи.

Вицепремиерот Бесими и амбасадорот Лалакос на средбата ја истакнале важноста за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес и со цел понатамошно унапредување на овој процес изразиле подготвеност за продлабочување на досегашната соработка помеѓу двете земји и нејзино интензивирање, преку билатералната соработка и соработката во делот на евроинтегративниот процес.

На средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Лалакос, искажале подготвеност за понатамошно залагање за продлабочување на соработката помеѓу двете земји преку остварување на средби и контакти на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации