Словенија измамена во обидот да набави заштитни маски

Од:

Словенечката Влада призна дека е измамена во обидот за набавка на милион и пол заштитни маски, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Министерот за одбрана Матај Тонин на прес конференција изјави дека се работи за класична измама и дека полицијата ќе ги гони тие што го направија тоа.

– Ветена ни беше достава на маски, министерот за економија беше во контакт со возачот. Во 14.30 часот тој кажа дека на царинскиот терминал во Сежана ќе биде во 17.30. Во 18.00 часот повторно ни телефонираше да не извести дека застанал во Постојна по гориво, а потоа повеќе не одговараше на нашите телефонските повици, изјави Тонин.

По ова била известена словенечката полиција која го истражила случајот и потврди дека се работи за измама.

– Маските биле нарачани од компанијата Глобал Промет, чии директор е Емир Беговиќ од Босна и Херцеговина. Таква пратка и такви маски никогаш не постоеа, додаде Тонин

Инаку, словенечката Влада пред неколку денови соопшти дека набавила милион и пол заштитни маски кои се потребни за борбата против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски