(ВИДЕО) Михајловски: Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте и гледајте театар онлајн

Од:

„Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе. Во театарот, за разлика од животот, мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката.

Во животот тоа не е така. Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти. Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје.
Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност.

Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати. Да извлечеме поука од минатото.

Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале. Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн. Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!“, изјави Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик.

Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки.

Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување.

Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик.

Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија.

Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик.

Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина.

Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин.

Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје.

Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство.

Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно. Затоа што секој живот вреди. Од сите нас зависи!“, рече д-р. Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус