Дезинфекција на сите основни училишта и детски градинки во Карпош

Од:

Општина Карпош спроведува темелна, вонредна дезинфекција на сите основни училишта и детски градинки на своја територија.

„Претходно, во февруари редовно беа дезинфицирани воспитно – образовните установи, а сега, како резултат на пандемијата на Covid – 19 (коронавирус) вонредно се дезинфицираат овие установи.

Се користи посебно, специјализирано средство кое ги отстранува штетните честички од површините.

Локалната самоуправа секојдневно ги чисти и јавните површини, платоа, плоштади и локални улици во Карпош.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирус“, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец