Димитров ги повика Македонците во странство итно да се пријават ако сакаат да се вратат дома

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги повика сите наши државјани кои во моментов се во странство, посебно оние кои немаат регулиран престој, итно да се пријават во нашите дипломатско – конзуларни претставништва доколку сакаат да се вратат дома.

„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината. Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации.На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени. Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Имејл адресите на претставништвата се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/. Ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот“, соопшти попладнево министерот за надворешни работи.

Во претставништвата секој што сака да се врати дома потребно е да остави име и презиме, број на патна исправа, контакт телефон, земја и град каде се наоѓа и да наведе дали има регулиран престој во било која странска држава.

„Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март. Ќе направиме се што можеме, водејќи сметка и за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство и за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома“, соопшти министерот Димитров.

Вечерва и претседателот на државата Стево Пендаровски откако прогласи вонредна состојба испрати порака до сите граѓани надвор од земјата.

„Најпаметно е да останете во земјата во која сте, според препораките на Светската здравствена организација. Доколку сепак решите да се вратите дома, добредојдени сте, но треба да знаете дека мора да ги почитувате сите мерки пропишани од надлежните институции, а тоа значи и можноста да бидете сместени во карантин“, рече претседателот Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Никола Димитров нападнат додека пазарел, вели „болно ни е општеството“

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on