Чешката Влада им нареди на граѓаните да носат маски или на друг начин да ги покриваат устата и носот на јавни места.
Мерката стапува во сила од полноќ.
Премиерот Андреј Бабиш по владината седница рече дека е донесена одлука помеѓу 10:00 часот наутро и 12:00 часот напладне до продавниците за храна и аптеките да им се дозволи пристап само за граѓани постари од 65 години.
Во Чешката има 464 случаи на заразени со новиот коронавирус. Властите ги затворија границите со соседните земји во обид да спречат ширење на вирусот.