Амазон забранува продажба на повеќе изданија на политичкиот манифест на Адолф Хитлер како и на другите нацистички автори на својата онлајн страница, се вели во извештајот на „Гардијан“.
Промената доаѓа по децениските спроведени кампањи од асоцијациите за заштита на жртвите од Холокаустот.
Во новиот извештај се вели дека на продавачите ќе им биде забрането да ги продаваат нацистичките книги вклучително и за најпознатата книга на Адолф Хитлер, „Мојата борба“.
Иако Амазон се уште дозволува некои изданија да бидат купувани, истите ќе бидат забранети наскоро соопштуваат од компанијата.
„Како продавач на книги, на клиентите им нудиме пристап до најразлични гледишта, вклучувајќи титули кои служат во едукативна улога во разбирањето и спречувањето на антисемитизмот“, рече портпаролот на Амазон.
„Сите трговци на мало донесуваат одлуки за тоа каков избор избираат да понудат и ние не носиме лесни одлуки за избор“, додаде тој, пренесува „Гардијан“.