Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 5.698 лица исплати 98.042.614,00 денари за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Директорот на Агенцијата, Николче Бабовски потсетува дека корисници на оваа мерка се сите фармери кои произвеле и предале млеко од сопствено производство од октомври до декември 2018 година.
-Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој и во наредниот период ќе продолжи со редовната исплата на субвенциите за сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта. Оваа Влада, од почеток на мандат до денеска, исплати финансиска поддршка од 393,6 милиони евра за развој на агро – секторот, нагласува Бабовски.