Бачев со писмо до Мицкоски: Не оди на средбата кај Пендаровски

Од:

Пред утрешната средба кај Стево Пендаровски, попладнево претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати писмо до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“Ве повикувам утре да не одите на средбата кај Стево Пендаровски доколку Пендаровски остане на формат на средбата со две македонски и дури пет албански партии. Пендаровски е голем срам за Македонија и Македонците. Пендаровски заборавил во која држава живее со поканата кај него на гости да одите и за изборите да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство.

Г-дине Мицкоски, ако сте Македонец од Македонија немојте да прифатите една ваква во основа длабоко понижувачка и навредлива лидерска средба со формат на две македонски и пет албански партии. За изборите, како исклучително значајно прашање решение треба да се бара според формулата за учество на сите политички субјекти – учесници на изборите и тоа од најмалку две причини, прво, учество на сите партии кои учествуваат на изборите овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, и второ, учество на две македонски и дури пет албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба, бидејќи не ја отсликува реалноста во Република Македонија, недозволиво го фаворизира албанското малцинство наспроти македонскиот народ и сите други малцинства во земјата.

Дотолку повеќе, овие избори имаат историско значење – или ќе се зацементира бришењето на се што е македонско или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ги поништат антимакедонските договори со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што го употребивте да ги разгледате моите размислувања од витален интерес за македонскиот народ и македонската држава“, пишува во писмото упатено до Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски