Седуммина нови пациенти се тестираат за коронавирус, меѓу нив две бремени

Од:

На Клиниката за инфективни болести за коронавирус се тестираат седуммина нови пациенти меѓу кои и две бремени жени, извести министерот за здравство Венко Филипче. Петмина од нив се вратиле во Македонија од Швајцарија, Австрија и Германија, а симптомите им се јавиле неколку дена по враќањето. Двете бремени жени се од Дебар.

„Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Аврстрија и Германија, тоа се пациентите од Штип, Куманово, Тетово и Кичево. После неколку дена од враќањето развиле висока температура, а сега се во одделите за изолација. Нивните резултати ќе бидат готови во текот на денот. Од Охрид еден пациент и две родилки кои вчера се донесени од Дебар. Едната е во болницата во Охрид, другата е во Скопје, двете се во оддел за изолација. Во стабилна состојба се и не се непосредно пред породување. Ги донесовме за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, рече министерот Филипче.

Резултатите од тестовите се очекуваат во текот на денот, а новозаразени пациенти денес нема.

Сите хоспитализирани  пациенти се со лесна клиничка слика вклучувајќи го и 15 годишниот пациент, а кај пациентката од Дебар која е на респираторни машини забележливо е значајно подобрување на параметрите, но состојбата се уште и е непредвидлива.

Би можело да ве интересира

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна – власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он