Компанијата ГДИ, која се занимава со софтверски решенија и геонформациски системи, ја изработи првата мапа за коронавирус во земјава.
На мапата можат да се видат местата од каде што доаѓаат заразените со коронавирусот, нивниот пол и години.
Мапата може да се следи на следниот линк, а од компанијата соопштуваат дека податоците се ажурираат дневно, од официјални извори.
Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики.
-Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза, вели Крстевски.
Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци.