(ВИДЕО) Жерновски: Во Владата рекле доколку падне Центар ќе има предвремени избори

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на Центар на „Сојузот за иднината“, во интервју за А1он говори за линчот и валканата кампања која против него го води Владата.

Не може да свати како никој од институциите не реагирале на фалсификатот кој повторно се подготвува со уфрлени гласачи од Пустец.

„Тодоровиќ ке биде градоначалник на Пустец, а јас ќе бидам градоначалник на Центар“, вели Жерновски.

„Антикорпциска е продолжена рака на власта. Јас целиот имот уредно го пријавувам“, изјави кандидатот за градоначалник на Центар.

Укажува дека трагикомично од Тодоровиќ е што ги копирал неговите проекти, иако тоа не го предвидел во изборната програма.

„Изјавата која ја знам е дека во Владата рекле доколку падне Центар ќе има предвремени избори“, изјави Жерновски.

Најави дека нема да дозволи да се повтори сценариото од првиот круг и дека граѓаните ќе се соберат и ќе бидат пред општината во недела.

Ја повика Владата да се организираат фер избори на кои граѓаните слободно ќе го изберат градоначалникот на центар.

Ова е дел од интервјуто, кое во целост может да го погледате утре на А1он.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори