Се затвораат гранични премини, аеродромот во Охрид и сите кафеани и трговски центри

Од:

Се забранува целосно работата на кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници. Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат, но без посета на потрошувачи односно гости, и можат да продаваат роба преку онлајн нарачки, односно да вршат достава, или пак истата да се подигнува надвор од угостителскиот објект.

Аеродромот во Охрид „Св.Апостол Павле“ ќе биде затворен 48 часа по донесувањето на одлуката.

Освен тоа, се затвораат сите копнени гранични премини освен Деве Баир, Ќафасан, Табановце и Блаце.

Ова се само дел од најновите одлуки на Владата, во врска со заштитата и превенцијата од коронавирусот кои веднаш стапуваат во сила. Формиран е Главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата, а во состав на сите заменици-министри, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој ќе сесостанува секој ден, веднаш по Комисијата за заразни болести.

Се забранува и влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние за кои МВР ќе одлучи дека има посебен државен интерес да влезат во државата.

На секој граѓанин кој влегува во државава од земјите со среден и висок ризик, ќе му се издава писмена наредба за задолжителна самоизолација и истиот треба да ја потпише изјавата дека ќе изврши самоизолација под полна морална и кривична одговорност.

Освен тоа, се затвораат за посетители сите продавници во моловите, освен маркетите, продавниците за храна и аптеките, а останатите можат да најдат алтернативни начини на работа, односно да вршат достава до домовите, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј има непроценлива улога, нашата е да го чуваме македонскиот јазик

А1он

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија