Поранешниот ракометар на РК „Вардар“, Игор Карачиќ ќе стане македонски зет. Тој и струмичанката Душица Андоновска на Инстаграм објавија слики од вереничкиот прстен.
Двојката е во врска година дена, а на почетокот двајцата ја криеја својата врска подалеку од очите на јавноста.
Карачиќ во моментов е ракометар на клубот „Кјелце“ од Полска.