Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, посочи дека кризната ситуација во општината Дебар и Центар Жупа е најдобро решение во моментов, со цел справување и превенција од ширење на коронавирусот. Тој се обрати до жителите на двете општини, кои ги замоли да не паничат.
„Во оваа прилика посебно им се обраќам на граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултати. Ве замолувам да нема поголема паника. Воспоставен е организиран и институционален систем, ќе ги покрие сите аспекти за грижа за граѓаните во овие подрачја. Ќе ги обезбедиме сите услови за да ги добиете најдобрите здравствени мерки. Во Дебар, Центар Жупа и сите населени места ќе имаат услови за функционирање на производството на храна, аптеките, болниците, а пак, банките, комуналните служби и поштата ќе работат по скратено работно време“, рече Спасовски.
Премиерот е категоричен дека сите институции ќе одговарат на предизвикот за да се спречи ширењето на инфекцијата.
„Министерството за здравство ќе врши постојано следење на епидемиолошките, вирусолошките и клинички на заболувањето согласно протоколот и алгоритмите. МВР и Министерството за здравство ќе ја спроведуваат забраната за излегување на граѓаните од кризното подрајче, освен во случај на животозагрозивачка состојба со возило на Итна медицинска помош и со потврда од овластено лице од Министерството за здравство. Армијата, МВР и МЗ се заодлжени да го обезбедат режимот и контролата во кризното подрајче, како и засилена контрола на државната граница во реонот на Дебар. МВР се грижи за контрола и регулирање на сообраќајот. Дирекцијата за заштита и спасување ќе дезинфицира во кризното подрачје. МВР и Центарот за управување со кризи, како и Единиците на локалната самоуправа ќе обезбедат континуиран транспорт на намирници и реагенси, како и други потреби за граѓаните. Има и други мерки и активнсоти за справување и зајакнување на мерките за заштита“, рече Спасовски.