ФОТО: ПОП! Мода во Скопје

Од:

Во организација на Моден Викенд Скопје и Амбасадата на Соединетите Американски Држави, синоќа во нејзините простории во Скопје се одржа модна ревија на која беа претставени финалистите на конкурсот ПОП!Мода.

Присутните можеа да ги видат креациите на Алмир Мили, Ана Камчева, Арта Шаќири и Мешите Лочи, Елена Додевска и Хана Миленковска, Елена Ивановски, Еми Норис, Гордана Вренцовска, Ивана Цветковска, Ксенија Котева, Марио Милосов, Марио Додовски, Орнела Јордановска и Виктор Цветановски.

– По успехот на проектот „Џез и мода“, што се одржа во Амбасадата на Соединетите Американски Држави – Скопје во рамките на Моден викенд Скопје пролет/лето 2012, оваа сезона Моден викенд Скопје со задоволство ја продолжи соработката со Амбасадата на САД, со проектот на тема „ПОП! Мода“, соопштуваат од Моден викенд.

Во февруари беше објавен отворен повик на кој можеа да аплицираат и млади и етаблирани модни дизајнери, дизајнери на накит и модни додатоци, како и студенти по моден дизајн со идеи инспирирани од богатата американска ПОП култура.

Темата, која е опширна и секогаш популарна, како што истакнуваат организаторите, им овозможи на дизајнерите да ја покажат својата креативност.

Жирито составено од претставници на Амбасадата на САД, Моден викенд Скопје и Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер на Македонија, избра 13 тимови на дизајнери од речиси 40 пристигнати апликации.

Покрај ревијалниот, проектот имаше и едукативен дел и обука – 13-те тимови учествуваа на работилници на тема „Бренд менаџмент“, што беа водени од професорот Бјорн Бенгтсон од Модниот институт за технологија во Њујорк.

IMG_1984 IMG_2372 IMG_2727 IMG_2759

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски