Инфлацијата во Германија остана непроменета во првите месеци од 2020 година и покрај зголемувањето на цените на храната и енергијата.
Потрошувачките цени пораснаа за 1,7 отсто во февруари во однос на претходната година, што е сличен пораст на годишно ниво во јануари. Од јануари до февруари 2020 година цените се зголемија за 0,4 проценти.
Стапката на инфлација е важно мерило за монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ). На среден рок, централната банка има за цел годишна стапка на инфлација да ја држи на нешто помалку од 2 проценти за целата евро-зона од 19 држави.