Бунтовници облечени во униформи на авганистанската војска, извршија напад на суд за да ги ослободат заробените талибанци, при што убија 44 лица, соопштија официјалните лица за новиот биланс на судирите.
Загинаа и сите девет напаѓачи кои започнаа напад во главниот град во провинцијата Фарах.
Бунтовниците во последните месеци ги засилија нападите над властите во Фарах, со цел да остварат контрола над областа, која на запад се граничи со Иран, а на исток со провинцијата Хелманд.
Елена Георгиевска