А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Не се разгледуваше можноста за одложување на изборите, но нема да има митинзи

by А1он12/03/2020 - 14:2612/03/2020 - 14:31887
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба во Владата за коронавирусот, кажа дека не се разговарало за одложување за изборите. Тој кажа дека ќе има алтернативно водење кампања, односно, нема да има митинзи додека е активна забраната за собири.

Добивај вести на вибер

„Не се разгледа можноста да одложување на изборите. Она за што го разговаравме е да имаме преадаптирање на изборната кампања. Немаше разговор по таа тема за одложување. Ќе имаме алтернативен начин за водење на кампањата, како одење од врата на врата, социјални медиуми, преку мас-медиумите. Препораките од Владата и забраната се активни, мора да се почитуваат. Не може да се делува волонтеристички. Се додека има забрана ќе нема митинзи“, рече Мицкоски.

Средбата рече дека е од информативен карактер, но, сите партии се договориле да доставуваат предлози за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.

„Имавме лидерска средба на која разговаравме за моменталната стиуација со короанвирусот. Тие не запознаа со мерките, препораките, забраните, повеќе беше од информативен карактер. Се договривме да продлжиме ако треба така да биде и во наредниот период. Истовремено, политичките партии може да доставуваат сопствени предлози за заштита и превенција од ширење. Средбата беше од информативен карактер, отколку за политички теми“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владта треба да направи план за економските последици од коронавирусот, кои ќе настанат по справувањето со оваа ситуација.

„По основ на навигацијата од светот, Македонија не може да биде имуна на тоа да има последици по економијата. Буџетот и економијата ќе почуствуваат последици. Потребни се мерки, а од Владата не информираа дека ќе имаат средба за ова прашање“, додаде Мицкоски.

liderska sredbamickoski

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:10

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

Горан Наумовски05/04/2026 - 12:34

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

Горан Наумовски04/04/2026 - 15:49

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Горан Наумовски04/04/2026 - 13:51

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

Горан Наумовски04/04/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто