Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Од:

„Претседателот на НДП Весел Мемеди, во придружба на Генералниот Секретар г.Сухејл Фазлиу, и Портпаролот на партијата Шпат Исеини го дочекаа амбасадорот- неговата екселенција Кристијан Тимоние, дојден на посета во седиштето на НДП, за да продискутира околу политичката актуелност во земјава и регионот.

Првично, претседателот Мемеди му се заблагодари на Тимоние за посетата и искажаната почит кон НДП, не само при оваа посета во нашето седиште, туку и заради почитта што оваа амбасада ја имала кон нашиот субјект на политичкото дејствувње. Претседателот Мемеди го информираше амбасадорот Тимоние за причините за неучество во изборите од 12 април од страна на НДП, уште еднаш нагласувајќи го неуспехот на албанските политички партии за креирање односно создавање на една здрава албанска опозиција која би давала успешен придонес во демократското развивање на земјава. Мемеди исто така изрази негова загриженост за досегашниот неуспех на институциите на државата, за справување и борба против организираниот криминал, корупција, и преобразба на оваа општество во една правна држава. И покрај ова, Мемеди нагласи дека земјава заслужува отварање на преговорите со Европската Унија и истовремено изрази уверување дека Франција како созреана демократска земја ќе биде вистински поддржувач на патот кон оваа наша главна цел.

Амбасадорот Тимоние му се заблагодари на претседателот Мемеди за топлото гостопримство во седиштето на партијата и му честиташе за одиграната позитивна улога на НДП за времето додека беше дел на власт, кога се случија големите историски промени, какво што е зачленувањето на РСМ во НАТО, и дека Франција ќе продолжи да ја поддржи РСМ на патот кон ЕУ“, информираа од НДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он