МПЦ-ОА: Народот да ги почитува мерките, а во храмови и манастирите да се зголеми хигиената

Од:

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение упати апел до верниот народ да ги почитува мерките пропишани од Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација и апелира во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ-ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената.

Од САС на МПЦ-ОА повикуваат на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа.

– Надевајќи се на Животодавецот Христос, МПЦ-ОА ја чува вековната вера во светоста на тајните на црквата и својот древен, но секогаш актуелен еклисиолошки став за Лекот на бесмртноста – Св. Причест. Истовремо потсетуваме дека треба да бидеме силно посветени на борбата со причинителот на болестите и страдањата – отуѓеноста од Бога. Нашата вера е вера во Воскреснатиот Христос, победителот на распадливоста и смртта и Лекарот на нашите души и тела, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје