Осудениот силувач Вајнштајн поради здравствени проблеми е пренесен во болница

Од:

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн, кој вчера беше осуден на 23 години затвор поради сексуални напади и силување, е пренесен во болница поради болки во градите.

Вајнштајн се пожалил на болка во градите и е пренесен од њујоркшкиот затвор Рикерс во болницата Белуве, за да се лекува од срцеви проблеми, истакна портпаролот на Вајнштајн во електронска порака.

На 24 февруари судот го прогласи Вајнштајн, некогаш највлијателниот холивудски маж виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка Џесика Ман, но е ослободен од најтешкото обвинение, дека е сексуален предатор, за што може да добие доживотен затвор.

Движењето МиТу (#MeToo) што настана како платформа против злоупотребите на Вајнштајн ја поздрави изречената казна.

Би можело да ве интересира

Силувач излезе од затвор за викенд, уплати ливче и освои осум милиони евра

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апелација му ја намали казната на експолицаецот кој силуваше малолетници

Кристијан Ландов

Осуден силувач од струшко приведен и спроведен на робија

Жарко Настоски