„Гласен Текстилец“: Да не се злоупотребуваат мерките против коронавирусот ниту од работниците, ниту од работодавачите

Од:

Здружението „Гласен текстилец“- Штип апелира ниту работниците, ниту работодавачите да не манипилураат и да не објавуваат лажни вести, околу препораките на Владата за да се спречи ширење на коронавирусот. Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева е децидна дека засега немаат забележано непочитување на препораките.

– Препорака е работниците од приватниот сектор кои имаат деца во градинка или имаат деца до 10 годишна возраст, кои ја посетуваат наставата да бидат ослободени од работа. Тоа е препорака за приватниот сектор, но тоа не значи дека нема да сносат одговорност доколку работничките, работниците поднесат документи соодветни. Тоа значи дека треба да достават документ од градинката или од училиштето, каде што нивното дете посетува настава, да ја однесат потврдат, да дадат изјава и тоа да го најават, за да имаме траг дека тие пријавиле отсуство, вели Ампева.

Работничките и работниците, истакнува, да не очекуваат дека приватниот сектор ќе ги ослободи без да се пријават согласно со препораките.

– Значи, се знае како тие треба да си го најават своето отсуство и кои се документите, кои треба да ги достават. Никој нема да им рече повелете, излезете имате деца за чување. Да не ги мешаме тие работи, дали се почитуваат или не се почитуваат мерките. Нема зошто да не се почитуваат, вели Ампева.

Таа додава дека доколку од страна на работодавачите не се почитуваат мерките предвидени се и санкции.

– Министерството за труд и социјална политика утринава излезе со соопштение и достави број, доколку на некои работнички не им биде овозможено да останат дома со своите деца, во услови навистина нема кој да ги чува, да се јават на телефонскиот број 15 131. Тоа е Државниот инспекторат за труд. Да нема забуна во јавноста, работодавачот не знае кој работник колкаво дете има, дали има потреба работничката или работникот да остане дома, за тоа и го кажуваме ова да се најави отсуството, да се однесат потврдите, се дава изјава, појаснува Ампева.

Очекува Министерството за труд и социјална политика, Државниот трудов инспекторат и работодавачите по одржување на Националниот социјално-економски совет да излезат со став за плаќањето на отсуствата на работниците во приватниот сектор.

-Во овој период многу е важно работничките и работниците да не ги изигруваат на некој начин овие препораки, но ниту пак и работодавачите да мислат дека ова за нив не важи, вели Ампева.

Како што вели, сите препораки кои се објавуваат од страна на Министерството за здравство се објавуваат и на социјалните мрежи, од нивна страна, како граѓанска организација. Најважно е, порачува, да не се злоупотребуваат мерките од ниту една страна и сите да бидат одговорни.

Би можело да ве интересира

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он

Ампева: Основан е нов синдикат „Гласен Синдикат за работниците“

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска