НСДП ќе коалицира со СДСМ на предвремените парламентарни избори

Од:

НСДП донесе одлука за коалицирање со досегашните партнери и заеднички настап на претстојните предвремени парламентарни избори.

Партијата цени дека стартешките интереси на државата на патот за заокружување на евро-атланските интеграции, продолжувањето на реформите на правниот систем и започнатите економски политики кои водат кон подобрување на животниот стандар на граѓаните на Северна Македонија бараат концентрирање на прогресивните политички сили во земјава и нивен заеднички настап на претстојните парламентарни избори.

Од партијата велат дека утврдени се кандидатите за пратеници за заедничките коалициски листи.

Потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски ќе биде на петото место на коалициската кандидатска листа во првата изборна единица, додека пак потпретседателката Соња Мираковса на второто место во четвратата изборна единица.

НСДП ја усвои и предизборната програма на партијата во која се утврдени приоритетите и определбите кои ќе бидат промовирани и застапувани во предизборниот и постизборниот период на политичката сцена. Тргнувајќи од социјалдемократијата како темелна и трајна идеолошка определба се утврдени неколку програмски приортети, на кои ќе се даде фокус во изборната капања од страна на партијата. Во оваа насока, НСДП ја реафирма потеребата за револуционерни и темелни промени во сферата на работните односи кои ќе бидат насочени кон изедначување на капиталот и трудот, по принципот – заеднички профит од успехот и заеднички ризици од неуспехот. Образованието и науката, здравствството и културата во својата програма НСДП ги препознава како
врвни национални приоритети, чие унапредување и квалитет се клучни претпоставки за општество на благосостојба и изгардба на општествени капацитети за одговор на предизвиците кои ги поставува глобализираниот свет во дваесет и првиот век, стои во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност