Крадци украле златна Нобелова награда за мир, доделена во 30-тите години на минатиот век, соопшти полицијата во северна Англија.
Полицијата Нортамбрие соопшти дека крадците влегле во подрумот на куќата на градоначалникот Њукасл во текот на ноќта на 2-ри април и украле голем број ретки предмети чија вредност се проценува на околу 226.700 долари.
Според нив освен наградата од 1934 година, која што е доделена на поранешниот министер за надворешни работи, Артур Хендерсон за работа во меѓународното разоружување, крадците однеле и голема количина на антички сребреници.
Тие упатија апел за помош во пронаоѓање на украдените предмети, соопштувајќи дека наградата е многу ретка, препознатлива и со историско значење.
Елена Георгиевска