(ВИДЕО) Дурловски благодарен на Мицкоски: Народот ќе биде повторно слободен, борбата ќе биде тешка

Од:

Оперскиот пејач Игор Дурловски преку социјалните мрежи изрази благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за како што вели, укажаната чест и одговорност, како натпартиски кандидат да бидае носител на листа во изборна единица 5. Тој преку видео-обраќање, побара поддршка за престојните избори преку достоинствена борба, гласачите да бидат на страната на победниците.

„Ги бранев нашите принципелни ставови, борејќи се за Македонија, за вистинските вредности, без отстапки. Доаѓам од средина каде секогаш се работи тимски. Заедничкиот труд на тимот, на крајот се вреднува и наградува со аплауз. Во тој свет нема противници. На сцената немам непријатели. Ве повикувам на достинствена борба, уверен дека ќе ја одберете вистинската страна, страната на праведните, страната на победниците. Јас немам противник, немам ни непријател. Се борам за вистината, а вистината е само една“, вели Дуловски.

Носителот на листата во изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Дурловвски, вели дека народот ќе бил повторно слободен, иако борбата ќе биде тешка. Тој кажува дека ќе се бори да го врати достоинството на Македонецот.

„Периодот кој следи ќе биде уште една потврда на нашата решеност, сплотени, сите ние да се избориме за доброто на нашата Македонија, за доброто на нашите деца и идеалите на нашите претци. Ќе се потрудам да стигнам до секој од вас, да стегнам сечија дланка, да ве погледнам во очи, да ве охрабрам, да го вратиме оптимизмот кој ни го одзедоа. Слободата е блиску, илузијата е скршена. Народот ќе биде повторно слободен, борбата ќе биде тешка, но овојпат, пред вас имате луѓе кои нема да отстапат и кои имаат визија, знаење, енергија. Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на Македонецот, од сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен. Да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација и храброст. Свесно, со политички средства да им ја покажеме нашата сила и мудрост. Да завршат маките, да дојде подобро утре. Ве поканувам да бидете со мене, да бидете со нас, бидејќи заедно сме уште посилни. Македонија слободна, слободно ќе живее, секогаш и засекогаш“, додава Дурловски во обраќањето.

За пратеничко место во изборната единица на Дурловски, од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат и Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков од Охрид, претседателот на УМС, Јован Јаулески од Струга, Олга Лозановска од Битола, Ѓорѓија Сајковски од Кичево, Лидија Петкоска од Охрид, Мирче Аџиовски од Струга, Грација Бакрачевска од Охрид, Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше, Бобан Бојковски од Битола, Билјана Проеска од Крушево, Тасин Ибраим.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар