На Попова Шапка има дваесет сантимери снег, а во Маврово седум

Од:

На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.

Најстудено, пак, утрово е во Крушево, Крива Паланка, Берово и Маврово со -2 степена, а најтопло во Гевгели и Дојра каде што се измерени пет степени.

Времето денеска ќе биде умерено облачно, повеќе облачност ќе има во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Би можело да ве интересира

Времето денес облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините снег

(ВИДЕО) Снежен хаос во регионот – автомобилите останаа заглавени на пат

А1он

Највисока снежна покривка на Попова Шапка

(ВИДЕО) Србија е под снег: Делови од земјата затрупани, патиштата се блокирани

Горан Наумовски

Денеска студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снег во Србија и во БиХ