Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкски на прес-конференција ги презентираше листите за пратеници во сите шест изборни единици. Во првата изборна единица, носител ќе биде Гордана Силјановска-Давкова, а дел од кандидатите за пратеници се Тимчо Муцунски од Центар, д-р Синиша Стојановски од Аеродром, м-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода, две места за коалицијата, д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар, Тони Јаревски од Карпош, Весна Марковска од Аеродром, Игор Никовски од Кисела Вода, Ружица Николовска од Карпош, а на листата е и Сафет Бишевац кој во минатиот пратенички состав беше во редовите на СДСМ.
Мицкоски кажа дека листите се правени врз основа на внатрепартиски анкети, а одбрани се луѓе за кои Централниот комитет на партијата сметал дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори.
Во втората изборна единица, носител ќе е Владо Мисајловски, ексминистерот за транспорт и врски, а втора на листата е разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. По неа се Бране Петрушевски, место за коалицијата, Бојан Стојановски, Жаклина Пешевска од Гази Баба, Дарко Костовски од Бутел.
Во третата изборна единица, носител на листата е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. По него, кандидати се Иван Јорданов, Благица Ласовска од Свети Николе, Иванка Василевска од Скопје, место за коалиција, Игор Здравковски од Велес, Миле Лефков од Кочани, Никола Мицевски од Штип, Даниела Христова од Виница, Марија Петрушевска од Петровец, Драган Ковачки од Делчево, како и досегашниот пратеник, Јохан Тарчуловски.
ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изброна единица ќе оди со Александар Николовски кој е носител, а по него се и Ане Лашкоска која и досега беше пратеничка, а потоа, Ели Панова, Зоран Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелина Петкова Златко Пенков, Јадранка Поцкова, две места за коалицијата, Дејан Бошков, Ирена Стерјоска Локвенец, Слободан Ивановски, Димитар Лазаревски, Катерина Мојсоска.
Носител во петтата изборна единица на листата од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Игор Дурловски, а по него, за пратеничко место ќе се борат Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков од Охрид, претседателот на УМС, Јован Јаулески од Струга, Олга Лозановска од Битола, Ѓорѓија Сајковски од Кичево, Лидија Петкоска од Охрид, Мирче Аџиовски од Струга, Грација Бакрачевска од Охрид, Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше, Бобан Бојковски од Битола, Билјана Проеска од Крушево, Тасин Ибраим
Во шетата изборна единица, носител ќе е Дафина Стојановска, а по неа за пратеничко место ќе се борат Александар Велјановски од Тетово, Фуркан Чако од Гостивар, Стојан Тодоровски од Брвеница, Јасминка Богдановска од Теарце, место за коалицијата, Анита Бошковска Јовановска од Тетово, Милан Јовановски од Гостивар, Никола Крстовски од Јегуновце, Верица Зафировска од Теарце, Бране Стојчевски од Брвеница, Станислав Бојчевски од Тетово.
„Нашата победа е за обнова која ќе донесе повеќе за секого. Повеќе пари, работа, здравје,среќа, ред, правда, сигурност, повеќе насмевки и верба дека ќе успееме. Врз основа на внатрепартиските анкети, одбравме луѓе за кои Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат победата на следните предвремени парламентарни избори. На сите пратеници кои се жртвуваа себеси во претходниве три години, јас им се заблагодарив. Повеќе од 95 посто од луѓето за првпат се јавуваат на листите за пратеници“, рече Мицкоски по презентирањето на листите.