Врховните судии ја одбија жалбата на нивниот експретседател Јово Вангеловски, со која се противеше на одлуката донесена од Судскиот совет за негово разрешување од функциите. Судиите го потврдиле решението за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд.
„На истата седница жалбениот совет донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет“, стои во одлуката на судиите од Врховен суд.
Вангеловски беше разрешен во септември минатата година поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Преставката за разрешувањето ја поднесе невладината организација „Зелена лупа“ поради донесена одлука од страна на Вангеловски за укинување на притворот на Сеад Кочан додека тој беше во бегство.