Средба на Пендаровски со германската директорка за ЈИЕ, Турција и државите на ЕФТА, Сузане Шутц

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Сузане Шутц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Германија и било констатирано дека се карактеризираат со искрено пријателство, заемна почит и разбирање.

Во тој контекст, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, двајцата соговорници го реафирмирале заедничкиот интерес за натамошно зајакнување, проширување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската сфера во која двете држави бележат интензивна соработка.

-Претседателот Пендаровски изрази задоволство од значајниот придонес на Германија на нашиот европски и евроатлантски пат, изразен преку нивната отворена, силна и принципиелна заложба за донесување одлука за почетокот на пристапните преговори за нашето членство во Европската Унија. Тој истакна дека државата во изминатиот период покажа висок демократски капацитет и политичка зрелост, преку спроведувањето на значајни реформски процеси како и преку унапредувањето на добрососедските односи, во функција на обезбедување стабилност и трајна безбедност на регионот. Во тој контекст, имајќи предвид дека нашите европски пријатели тоа го препознаваат и вреднуваат, тој изрази уверување дека Северна Македонија многу брзо, заслужено ќе го добие долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите, се вели во соопштението.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации и во однос на предизвиците коишто произлегуваат од бегалската и мигрантската криза. Претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и презема мерки и активности за успешно справување со кризата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски