Интернет порталот „Курир“ објави лажна вест дека директорката на Клиниката за кожни болести, за која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирус, присуствувала на свадбата на Љупчо Николовски.
Лажна вест: Докторката со коронавирус била на свадбата на Љупчо Николовски и на партиски состаноци
Интернет порталот „Курир“ објави лажна вест дека директорката на Клиниката за кожни болести, за која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирус, присуствувала на свадбата на Љупчо Николовски, а порталот “Инфомакс” објави вест дека докторката присуствувала на партиски состаноци на СДСМ.
Posted by A1on.mk on Понеделник, 09 март 2020
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, jа демантираше оваа информација.
„Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба“, напиша Николовски на Фејсбук.