Во среда завршува пријавувањето на дијаспората за изборите

Од:

Во среда на полноќ (11 март) завршува пријавувањето на македонските државјани кои работат и живеат во странство за гласање на парламентарните избори закажани на 12 април.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пријавени за гласање се 4.299 македонски државјани од повеќе делови на светот.

Засега е неизвесно дали воопшто ќе се одржат избори во дијаспората ако се знае дека најмалку 6.540 македонски државјани треба да се пријават за гласање за да се организираат избори во странство.

Според македонскиот закон, околу 6.540 гласови освоил пратеникот кој добил најмалку гласови на минатите парламентарни избори.

Во ДИК велат дека имајќи ја предвид динамиката на пријавување на нашинците од дијаспората за гласање неизвесно е дали таму ќе се организираат избори воопшто.

Сепак, треба да се почека до среда на полноќ за да се знае дали или нема да има избори во дијаспората.

Најмногу за гласање до денеска се пријавени во Мелбурн – 468 и во Венеција – 462.

Гласањето во Венеција станува неизвесно и поради тоа што жителите на овој град и уште 14 други провинции се во карантин поради корона вирусот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера потпиша наредба со која до 3 април се во карантин Ломбардија и уште14 провинции, во кои живеат повеќе од 15 милиони луѓе.

Македонското МНР синоќа информираше дека нашиот Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на коронавирус, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

Сепак, тоа, како што истакнуваат од ДИК, нема да влијае на пријавувањето на македонските државјани за гласање на изборите.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски за МИА вели дека 99 отсто од пријавените тоа го прават електронски, така што затворањето за работа на конзулатот за странки нема да влијае на пријавувањето на нашите државјани кои таму живеат во голем број.

Дополнително, Деркоски потенцираше дека ќе ја следат состојбата и дека доколку треба да се организира гласање во Венеција, а карантинот продолжи да биде во сила, ќе се консултираат со македонското МНР.

Во главниот град на Италија, Рим за гласање се пријавени 66 македонски државјани, а прифатени се 51 пријава.

Во Мелбурн за гласање до денеска се пријавени 468 македонски државјани, во Берлин – 418 македонски државјани, додека во Берн 320.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он