(ВИДЕО) Николов: Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е да се создаде здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого

Од:

„Состојбата со здравствениот систем е поразителна. Поради дисфункционалноста на системот, страдаат граѓаните. Лекарите и медицинскиот персонал, неповратно заминуваат од Македонија, барајќи поквалитетни услови за реализација на својата професионална кариера.

Здравството не смее да се сфати како област која треба да создава профит и тоа само за малкумина, а огромното мнозинство граѓани да бидат обесправени. По многуте експерименти време е да има нешто конкретно“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравствениот сектор е да се создаде здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого во Република Македонија. Приоритет во здравството ќе биде донесување на Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати:

Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Република Македонија и во јавното здравство;

Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата;

Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит на пациентот;

Нулта корупција во здравството;

Стандардизација на квалитетот на здравствените услуги;

Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици;

За здравствениот персонал, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе обезбеди за 20% повисоки плати. Зголемувањето на платите ќе се реализира линеарно во период од 4 години. И што е најважно, зголемувањето ќе биде за сите во здравствениот систем. За лекарите, средниот медицински персонал, фармацевтите, стоматолозите, техничкиот и административниот персонал.

ВМРО-ДПМНЕ е за континуитет и комплементарност во здравствениот систем. Заради тоа ќе се воспостави национална мрежа на 4 нови клинички центри. И сето ова ќе се случи за да се обезбеди интегриран систем на клинички центри и тоа кампусот клиники „Мајка Тереза“, Клинички центар ГОБ „8 септември“, Универзитетска клиничка болница во Штип и Универзитетска клиничка болница во Тетово. А со ваквите 4 клинички центри, здравствениот систем ќе стане поефикасен и подостапен за сите граѓани за да не ни се случува, она што денес ни се случува.

И секако не треба тука да се запре, предвидени се и реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола.

По 12-ти април ќе стартува обнова на здравството, за да добиеме вистински, компактен и ефикасен здравствениот систем којшто ќе може да се спротивстави на сите предизвици на денешницава, да не ни се случи повторно, она што денеска се случи“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски